Ерменија спремна за дипломатски односи со Турција, без предуслови

Премиерот на Ерменија

Ерменија е подготвена да воспостави дипломатски односи со Турција без предуслови, изјави ерменскиот премиер Тирган Саркисијан. Тој изјави дека е апсурдно во 21-от век да постојат затворени граници . Тој се надева дека и Турција ќе покаже подготвеност за нормалиризање на односите меѓу двете земји. Двете земји немаат дипломатски односи, уште од 1990-та, кога Ерменија прогласи независност.