Експлозија во полициска станица во Нигерија

Бомбаш самоубиец разнел полициска станица во главниот град на Нигерија Абуџа, јавуваат тамошните медиуми. Се уште нема извештаи дали некој е убиен за време на експлозијата. Досега никој не ја презел одговорноста за експлозијата , но експлозијата доаѓа на само еден ден откако радикалната исламистичка група, обвинета за бомбашки напади во минатото, се закани со нови напади. Групата Боко Харам сака да ги наметне исламските шеријатски закони во Нигерија.