Охрид-Меѓународна конференција за борба против дрога

Во изминатите четири години за половина се зголемиле кривичните пријави за луѓе кои тргувале со дрога и за 25 процети била зголемена запленетата количина на дрога, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на Меѓународната конференција посветена на борбата против трговијата со дрога. Во изминатите 4 години биле откриени 2.200 случаи за недозволена трговија со дрога, запленети се над 2 тони различни видови на дрога во вредност над 100 милиони евра. Конференцијата што се одржува во Охрид е во организација на МВР и на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили.