Штрајк на јавниот транспорт во Чешка

Во Чешка од полноќ е во сила 24-часовниот штрајк на вработените во јавниот транспорт во знак на протест против владините реформи и мерките за штедење. Во цела Чешка е комплетно запрен железничкиот сообраќај, не работи метрото во Прага, а запрен е јавниот превоз и во други градови во Чешка. Сепак некои трамвјаски и автобуски линии функционираат.