Русија-Иран за биде конструктивен за нуклеарните прашања

Нуклеарната постројка Бушер

Русија денеска го повика Иран да биде поконструктивен во соработката со глобалните сили за нуклеарните прашања, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој изјави дека во разговорите со Ахмадинеџад, било побарана и да има поголема транспарентност во контактите меѓу Иран и Меѓународната Агенција за атомска енергија. Ахмадинеџад денеска во Казахстан се сретна со рускиот претседател Дмитри Медведев. Западните сили се загрижени дека нуклеарни активности на Иран можат да бидат насочени кон развој на атомско оружје, што Иран го негира.