Србија-НАТО да ја укине забраната за летови над Косово

Милетиќ и Ди Паола во Белград

Началникот на Генерал-штабот на српската армија Милое Милетиќ и претседателот на воениот комитет на НАТО адмирал Џанпаоло ди Паола денеска во Белград разговарале за можноста да се укине забраната за летови на српските воено-воздухопловни сили над Косово. Според воено-техничката спогодба меѓу Србија и НАТО од 1999 година, која се уште е во сила, над територијата на Косово е формирана зона, затворена за летови на српските авиони. Српскиот генерал изјавил дека тоа е крајно важно прашање за надминување на тензиите во односите со НАТО. A Ди Паола изјавил дека двете страни демонстрираат желба да се занимаваат со тоа прашање.