Ходоровски тајно преместен во затвор на северот од Русија

Михаил Ходорковски

Поранешниот руски нафтен магнат Михаил Ходоровски , минатата недела бил преместен од затворот во Москва на тајна локација. Се претпоставува дека е преместен во северната провинција Карелиа, на 900 километри од Москава, на границата со Финска. На 27 мај на половина од отслужувањето на казната Ходоровски, побара помилување.
Ходоровски и неговиот бизнис партнер Платон Лабедев се во затвор од 2003-та , а во декември се соочија со втора тура на обвиненија, за измама. Првиот дел од казната тој го одлежа во јужен Сибир.