Вицепремиерот Наумовски во посета на Брисел

Вицепремиерот за економски прашања Васко Наумовски, посетата на Брисел ја искористил за разгвори со европарламентарци и со високи преставници на ЕК. Тие разговарале за напредокот на земјата кон Унијата, јавува МИА. Владата го доставила годишниот извештај за активностите што досега ги завршиле. По тоа треба заеднички со Брисел да се договори кои чекори се следни на европската агенда. Првиот политички дијалог ќе се одржи веднаш по составувањето на новата Влада, изјави Наумовски.