Ахмадинеџад повика на нов светски поредок

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад

Претседателот на Иран Махмуд Ахмадинеџад на регионaлниот самит во Казахстан упати уште еден напад на Западните сили. Тој повика на нов светски поредок со кој ќе се корегира постоечкиот , кој го опиша како воден од робови и колонизатори.
За време на одржувањето на Самитот на Шангајската организација за соработка, рускиот претседател Дмитриј Медведев, повика организацијата да презеде поактивна улога во обезбедувањето на регионалната безбедност. Медведев и Ахмадинеџад потоа се сретнаа со претседателот на
Казахстан Нурсултан Назарбаев . Во Шангајската организација членуваат Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Таџикистан. Иран, Пакистан и Авганистан имаат статус на набљудувачи. Организацијата е формирана во 2001-та година како контрапункт на НАТО, со кое ќе им се дозволи на Кина и Русија да се спротистават на американското влијание во Азија.