Воздушни напади на американските сили во Пакистан

Американските сили во Пакистан извршиле воздушни напади во јужен Вазиристан, соопштуваат тамошните власти и очевидци. Во нaпадите била погодена милитантната група на Мулах Назир, една од највлијателните милитантни групи во Пакистан, вклучена во борбите со американските сили на границата со Авганистан. Засега нема информации за жртви. Американските сили речиси по една година пауза, во последно време ги засилија воздушните напади во проблематичниот регион на границата со Авганистан.