Илјадници Грци протестираат против економските мерки

Протести во Атина

Илјадници Грци денеска протестираат пред зградата на Парламентот во Атина, против новите економски мерки на владата. Полицијата постави метални бариери и распореди полициски автомобили пред зградата . Во меѓувреме јавниот превоз и банките не работат, а во болниците ги примаат само итните случаи. И синдикатите се приклучија на 24 часовен штрајк.
Премиерот Јоргос Папандреу мора да спроведе нов план на зголемување на даноците, да ги намали расходите и да го продаде државниот имот , за да може да ја добие следната транша од помошта од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд .