Косовско-албанската граница ќе се минува со една контрола

Патниците кои минуваат преку преминот Морина-Врмица на албанско-косовската граница, од денеска ќе подлежат само на една контрола, јави МИА. Ваквата процедура произлегува од договорот што пред неколку месеци го потпишаа министрите за внатрешни работи на двете земји. На овој начин, како што се оценува, ќе се намалат големите чекања и ќе се избегнат долгите колони кои се создаваа посебно во времето на туристичката сезона.