Поддржана кандидатурата на Леон Панета во Комитет на Сенатот

Леон Панета

Комитетот за оружени сили на американскиот Сенат ја прифати кандидатурата на Леон Панета за нов секретар за одбрана. Како што јави Асошиетед прес, комитетот едногласно го поддржал Панета и се очекува дека одлуката на Сенатот ќе биде брза. Панета моментално ја извршува функцијата директор на ЦИА, а на местото секретар за одбрана ќе го замени Роберт Гејтс, кој на 30 јуни поднесува оставка, по 4 години на таа должност.