Обама предупреди на повторување на финансиската криза

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека би можело да дојде до нова глобална финансиска криза, ако Конгресот на САД не ја зголеми горната граница на национално задолжување, која сега изнесува 14 милијарди и 300 милиони долари, а би требало да биде достигната во август. Без зголемување на лимитот може да дојде до застој на отплатата на американскиот долг, што би довело до пореметувања на светските финансиски пазари, рече Обама за ТВ мрежата Ен-Би-Си. Тој истакна дека ги држи за збор републиканските челници оти сакаат да се избегне таквата ситуација, додавајќи дека очекува договор за ова прашање на достоинствен начин.