Договорен фонд за компензација на европските земјоделци

Претставници на европските влади вчера дадоа зелено светло за основање фонд од 210 милиони евра за компензација на падот на продажбата на зеленчук по епидемијата предизвикана од бактеријата Ешерихија коли. Планот што го предложи Европската комисија треба да овозможи на земјоделците да им се гарантира просечно 50 насто од вредноста на зеленчукот повлечен од пазарот. На оние што се членови на организации на производители ќе им бидат понудени дополнителни механизми за компензација кои покриваат до 70 проценти од загубите.