Времето- претпладне сончево, попладне нестабилно

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и засилен ветер.
Утринската температура се движи од девет до 18, а дневната ќе биде од 22 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време со минимална температура од 14 и максимална до 28 степени.