НАТО имаат ресурси да ја продолжат мисијата во Либија

Напади на НАТО во Триполи

НАТО денеска соопшти дека имаат доволно ресурси да ја продолжат воздушната кампања во Либија .Портпаролката на НАТО изјави дека е јасно оти НАТО имаат ресурси да го задржат притисокот врз Гадафи. Уверувањето од НАТО доаѓа на неколку денови откако американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс изјави дека се намалуваат воените буџети и мисијата на НАТО во Либија и иднината на Алијансата се ставаат на ризик.