Ху Џинтао од среда ќе престојува во посета на Русија

Ху Џинтао и Дмитри Медведев

Претседателот на Кина Ху Џинтао за време на посетата на Русија, со рускиот претседател Дмитри Медведев ќе разговара за билатералната соработка и за прашања сврзани со енергетскиот сектор. Претседателот на Кина од среда ќе престојува во четиридневна посета на Русија. Прво во Москва двајцата претседатели ќе одржат разговор во четири очи, а потоа заедно со своите делегации ќе учествуваат на економскиот форум во Санкт Петерсбург. Со неговата посета се одбележува 10 годишнината од потпишувањето на договорот за руско-кинеско пријателство и соработка, кој помогна за надминување на тензиите меѓу двете земји.