Турција-дипломатски состанок за состојбите на Блискиот Исток

Камп за сириските бегалци

Министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу и амбасадорите на Турција во земјите од Блискиот Исток, утре во Анкара ќе разговараат за последните настани во регионот. На состанокот ќе се разговара за немирите во земјите од Блискиот Исток , со посебен осврт на Сирија. Во изминатиот период најмалку 9 илјади бегалци од Сирија пристигнаа во Турција. Тие бегаат од страв од насилствата во северниот регион. За бегалците турските власти изградија и камп во округот Хатај.