Сириските сили зазедоа уште еден град од бунтовниците

Сириска војска

Сириската армија продолжува со операцијата во северниот регион во провинцијата Идлиб, откако претходно ја презеде контролата на градот Џиср ал Шугхур, од бунтовниците. Активистите за човекови права велат дека околу градот Мараат ал Нааман има тенкови на армијата . Во тој град имаше големи протести против режимот на претседателот Башар ал Асад. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави дека тие се загрижени за ситуацијата во Сирија, бидејќи сириските власти на стравотен начин постапуваат со својот народ.