Монтажа на споменикот на плоштадот Македонија во Скопје

Macedonia - Parts of Alexander the Great's statue are being assembled at Skopje square - 14Jun2011

Денеска на плоштадот Македонија во Скопје започна монтажата на, како што информираат од скопската општина Центар, скулптурата „Воин на коњ“.
Споменикот кој, според некои, го претставува Александар Македонски е висок 12 метри, а ќе биде поставен на постамент висок околу 10 метри и е изработен во леарницата „Фернандо Маринели“ во Италија, со идејно решение на Валентина Стевановска. Вкупната сума потребна за изградба на споменикот изнесува 5,3 милиони евра.