Советот за безбедност на ОН во ќорсокак околу Сирија

Советот за безбедност на Обединетите нации и натаму е во ќорсокак околу нацрт резолуцијата за осуда на режимот во Сирија за насилното справување со антивладните демонстрации. Против резолуцијата се Русија и Кина со објаснување дека таквиот чекор би можело да води ко западна воена интервенција во Сирија, слична на сегашната кампања во Либија. Генералниот секретар Бан ки Мун кој престојува во Аргентина изјави дека сиријската влада извршила ужасни напади врз сопствениот народ.