САД ќе почекаат со оценките за новата либанска влада

Либанскиот премиер Наџиб Микати

Соединетите држави соопштија дека ќе почекаат со оценките на новата влада во Либан во која доминираат членови на милитантната група Хезболах. По петмесечни преговори либанскиот премиер Наџиб Микати вчера објави нов 30 член кабинет во кој мнозинството министри се од Хезболах која е на американската листа на терористички организации и која е поддржана од Иран и Сирија. Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека Вашингтон ќе ја оцени новата влада откако ќе види како таа ќе дејствува.