Вонреден состанок на еврогрупата за грчката криза

Грчката должничка криза денеска ќе биде тема на вонредната седница на Еврогрупата во Брисел. Претседателот на Европската централна банка Жан Клод Трише вчера го повтори својот предлог преструктуирањето на грчкиот долг да биде доброволно и да не предизвикува прекин на исплаќањата. Тој, исто така, истакна дека се потребни и реформи во управувањето на еврозоната. Се очекува на својата редовна средба на 20 јуни Еврогрупата да разговара за одобрувањето на петтата транша од помошта за Грција од околу 12 милијарди евра.