Во Белград се одржува конференција НАТО-партнерски земји

Протести во Белград против одржувањето на Конференцијата.

Денеска во Белград започна дводневната стратегиска конференција на НАТО и партнерските земји. На Конференцијата учествуваат земјите преставнички од НАТО, од организациите: Партнерство за мир, Медитерански дијалог и Истанбулската иницијатива за соработка. Цел на Конференцијата е размената на искуствата и мислењата за најважните стратешки прашања од заеднички интерес. Тема на годинашната конференција е „По Лисабон - како се спроведуваат трансформациите“. Првата ваква конференција е одржан во Македонија во 2006-та, следната година се одржа во Норвешка, па во 2008-та во Албанија и во 2010 - во Финска.