36 жртви од ешерихија коли во Германија

На почеток се сметаше дека бактеријата потекнува од шпанските краставици.

Бројот на жртвите од бактеријата ешерихија коли во Германија се искачи на 36. Од бактеријата се заразени уште 3.228 луѓе, соопштуваат од Националниот институт за болести. Од бактеријата има уште една жртва и тоа во Шведска, но и таа престојувала во Германија.