Одложено судењето на лекари-демонстранти во Бахреин

Безбедносните сили ги напаѓаат анти-владините демонстранти на Плошадот Бисер во центарот на Манама, главниот град на Бахреин на 16 март 2011 година.

Бахреин го одложи судењето на 48 лекари и медицински сестри, кои беа уапсени за време на анти-владините протести. Судењето беше одложено откако нивните адвокати изјавиле дека притворените биле мачени во притвор.

Анти-владините протести во Бахреин започнаа во февруари, инспирирани од протестите во Тунис и Египет, но беа задушени со остри мерки кои вклучуваа привремена вонредна состојба и забрана за јавни собири. Во немирите загинаа најмалку 30 луѓе.

Докторите и медицинските сестри на кои им се суди беа уапсени откако се побуниле против насилството врз демонстрантите. Тие се обвинети дека поседувале оружје со кое сакале да го соборат владејачкиот систем.