Германија го призна Националниот преоден совет на Либија

Махмуд Џибрил претседател на Националниот преоден Совет

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле по состанокот со лидерот на бунтовниците во Бенгази, изјави дека Германија го признаа Националниот преоден Совет како легитимен преставник на либиските граѓани. Германија е 13-та земја што го признава Советот. Германија се воздржа од гласањето во Советот за безбедност на ОН, за резолуцијата за Либија и избра да не учествува во мисијата на НАТО против Гадафи. Во меѓувреме борбите меѓу бунтовниците и силите на Гадафи, продолжуваат низ целата земја.