Сојузниците на Хезбулах во новата влада на Либан

Наџиб Микати

Премиерот на Либан Наџиб Микати денеска најави дека во долго очекуваниот нов состав на владата, ќе доминираат преставниците на сојузниците на Хезбулах. Овој чекор ќе ги алармира западните сили. На Микати му беше понудено да формира влада, откако сојузниците на Хезбулах ја урнаа владата на про- западниот премиер Саад ал Харири во јануари. Микати денеска рече дека новите министри веднаш ќе започнат со бранењето на суверенитетот и независноста на Либан.