Македонија спремна за борба со ешерихија коли

Македонија е подготвена да се справи со бактеријата ехерихија коли, ако се појави, изјави министерот за здраство Бујар Османи. Иако во земјата досега не е регистриран случај на заболен, сепак се преземаат мерки, откако бактеријата се појави во 11 европски земји, а во Германија ими повеќе од 20 смртни случаи. Лекарите препорачуваат сите со сомнителни симптоми, како болки во стомак, малаксаност, крвава дијареа, да се јават на лекар.