Белгија една година без влада

Белгија денеска точно една година е без влада. Од изборите лани, до денеска политичарите на Фламанците и на Валонците не успеаја да се договорат за составот на новата влада, но тоа речиси и да нема никакво влијание врз животот на Белгијците. Аналитичарите проценуваат дека привремената влада, на чие чело е Ив Летерм, технички би можела да остане на власт до наредните избори.