Либиските бунтовници ги продолжуваат борбите во близина на главниот град

Во Либија борбите меѓу бунтовниците и силите лојални на Моамер Гадафи продолжуваат во градот Завијах кој што е едно од поголемите нафтени снабдувалиште и се наоѓа на 50 километри од главниот град Триполи. Силите на Гадафи соопштија дека ги одвратиле бунтовниците кои се обидувале да го преземат градот но борбите продолжиле во центарот.