Авганистан-загинале 32-ца Талибанци, а 25 се повредени

Најмалку 32 Талибанци се убиени, а 25 се повредени во последните 24 часа, за време на операција во западен Авганистан, соопштуваат од авганистанската армија. Во акцијата загинале и четворица авганистански војници, а тројца биле повредени. Во операциите против Талибанците во Авганистан учествуваат 130 илјади војници на НАТО. Првите повлекувања на странски војници се очекуваат на почетокот на јули, кога ќе почне постепениот трансфер на одговорност на авганистанската армија. Трансферот треба да заврши до 2014-та година.