Групата Билдерберг ја одржа годишната средба во Швајцарија

И Ромпуј меѓу гостите

Групата Билдерберг, или уште како што се нарекува светска влада во сенка, викендов одржува годишна средба во швајцарскиот ски-центар Сент Мориц. Средбата посветена на предизвиците за развој, безбедност и демократија во Европа, Средниот Исток и Кина, треба да заврши денеска. На средбата учествувале повеќе од 130 политички лидери бизнисмени и благородници. Меѓу поканетите биле претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј, членови на европските кралски семејство, поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер и извршниот претседавач на Гугл, Ерик Шмит. Комплетанта листа на гости се уште не е објавена