Турците гласаа на парламентарните избори

Во Турција денеска се одржaa парламентарни избори. Се очекува повторно да победи владејачката Партија на правдата и развојот на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, со што Ергодан ќе добие трет мандат. По гласањето тој изјави дека ќе ги почитува изборните резултати. Ние го направивме нашето за време на кампањата, сега е ред луѓето да си го кажат своето. Тие денеска по слободна воља ќе одлучат кој ќе ја има власта во земјата следните 4 години, изјави Ердоган. Кандидати од 15 политички партии и 200 независни кандидати се борат за едно од 550-те места во Парламентот на Турција. Се прогнозира дека партијата на Ердоган ќе освои 330 места. Избирачките места се затворени, резултатите се очекуваат после 19 часот.