Престрелки во Северен Кавказ-еден полицаец загинал

Исламски милитанти во Северен Кавказ

Висок руски инспектор за антитероризам е убиен, а еден полицаец е повреден за време на престрелка со исламиситички милитанти во Северен Кавказ, соопштуваат руските власти. Хасан Богатиров кој бил заменик-шеф на одделот за анти-екстремизам во регионалното Министерството за внатрешни работи, бил убиен во градот Баксан во поделената област Кабардино-Балкарија. Исламските милитанти и руските сили често се судираат за контролата над оваа област.