Сириските трупи напредуваат на северозападот од земјата

Бегалец од Сирија хоспитализиран во Турција

Сириските владини трупи напредуваат во северозападниот дел од земјата, со цел да ги отстранат вооружените групи, јавува сириската државна телевизија . Градот Џиср ал Шугхур е местото каде последните неколку денови се водат интензиви борби. Властите велат дека вооружени разбојници убиле 120 сириски војници во градот во минатата недела. Но бегалците од тој регион и активистите за човекови права велат дека војниците ги тероризирале цивилите. Активиститите велат дека во операцијата на властите досега загинале 1.000 луѓе. Илјадници бегалци од регионот се упатени кон Турција, а 4.000 од нив веќе ја преминале границата.