Русија протестира за американскиот воен брод во Црно Море

Американски воен брод

Русија денеска изрази загриженост што во Црното Море ќе дојде американски брод опремен со балистички ракетен одбранбен систем. Министерство за надворешни работи на Русија објави соопштение во знак на протест на потегот. Во соопштението се наведува дека на тој потег Русија гледа како на закана за безбедноста. Бродот Монтереј е испратен во Украина на поморски вежби. Русија во неколку наврати изрази несогласување околу предложениот американски план да се воспостави систем за ракетна одбрана со седиште во Источна Европа.