Сиријците во Турција бараат спас од насилствата

Бегалски кампови во близина на границата со Турција

Турските власти соопштуваат дека повеќе од 4.000 Сиријците ја поминал границата, бегајќи од воените напади. А околу 10 илјади Сиријци се наоѓаат во засолништа во близина на границата, откако сиријските трупи беа испратени во северозападна провинција Идлиб. Луѓето бегаат бидејќи се плашат од одмазднички напади од безбедносните сили за убиството на 120 сириски војници. Војниците биле убиени, затоа што го тероризирале населението, велат луѓето и активистите за човекови права. САД ја обвинија Сириската влада дека создава хуманитарни кризи, и повика да се запре офанзивата, за да им се овозможи на хуманитарните организации да им помогнат на бегалците, затворениците и повредените.