Пакистан не ги повлекува одлуките за соработката со САД

Пакистанскиот воен врв

Пакистан нема да ја поништи одлуката за намалување на бројот на американските војници на кои им е дозволено да престојуваат во земјата. Таа порака пакистанките воени власти и шефовите на разузнавачките служби му ја пренесоа на директорот на ЦИА, Леон Панета, кој беше во посета на Исламабад. Тоа беше неговата прва посета на Пакистан, откако во мај беше убиен Осама бин Ладен, по што се заладија односите меѓу сојузниците. Пакистанската армија оваа недела најави дека ќе го намали бројот на американските војници на кои им е дозволено да бидат во земјата и ќе ја ограничи размената на разузнавачки информации со САД.