Парламентарни избори во Турција

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган

Во Турција денеска се одржуваат парламентарни избори. Се очекува повторно да победи владејачката Партија на правдата и развојот на премиерот Реџеп Тајип Ердоган, благодарение на силниот економски раст од речиси девет проценти остварен минатата година. Кандидати од 15 политички партии и 200 независни кандидати се борат за едно од 550-те места во Парламентот на Турција. Само две партии од опозицијата и тоа Републиканската народна партија и Партијата за националистичка акција се очекува да освојат потребно гласови за да можат да влезат во Собранието.