Во поплави во Кина загинале повеќе од 100 луѓе

Најмалку 100 луѓе загинале во големите поплави во централниот и во јужниот дел на Кина, велат извештаите од таму. Локалните власти пак во провинцијата Хунан велат дека поплавите, предизвикале лизгање на земјиштето при што биле затрупани 24 куќи, а загинале 20 луѓе. Областите кои сега се погодени од поплави, пред две недели се справуваа со суша.