Либија-продолжуваат борбите меѓу Гадафи и бунтовниците

Мисрата, Либија

Либиските бунтовници велат дека направиле напредок против силите на лидерот Моамер Гадафи. Бунтовниците велат дека се наоѓаат околу градот Завиџа, големо нафтено пристаниште, кое се наоѓа на 50 километри западно од главниот град Триполи. Либиските војници пак по судирите во Завиџа, го блокирале клучниот крајбрежен пат што од Триполи води кон Тунис. Силите на Гадафи и понатаму бомбардираат цели во близина на Мисрата кој е под власт на бунтовниците. Либискиот лидер Моамер Гадафи и покрај меѓународниот притисок и покрај бомбардирањата синоќа не се откажа од прославата на 41 годишнината од повлекувањето на американската база од Либија. Годишнината беше одбележана со фолклорна претстава и во присуство на племенските водачи. Само неколку месеци по доаѓањето на Гадафи на власт, американските војници на 11 јуни 1970-та беа присилени да ја напуштат воената база, во Митиг, источно до Триполи.