Сплит, по геј парадата полицијата привела над 300 хулигани

Хрватска-од геј парадата во Загреб

Над 300 луѓе кои учествувале во нападите врз учесниците на Парадата на гордоста во Сплит се уапсени, соопшти полицијата. Во исто време полицијата ги спроведува учесниците на парадата на сигурни локации. Во насилствата се повредени повеќе луѓе меѓу кои и четворица новинари, од кои едниот завршил во болница, откако хулиганите со цигла го удриле по глава. Во поворката на денешната парада учествувале 200 луѓе, кога биле нападнати од друга организирана група, која броела околу 4000 луѓе по што парадата е прекината.