Повторно анти-владини протести во Бахреин

Анти-владини протести во Манама

Повеќе од 10 илјади демонстранти се собраа во Бахреин на јавни протести, по неколку месеци пауза, откако властите ги забранија протестите за поголеми политички права. Агенциите јавуваат дека силите за безбедност останале настрана за време на протестите во една област населена претежно со шиитско население, која се наоѓа северно од главниот град Манама. Сунитските лидери на Бахреин дозволија да се одржи собирот , откако пред 2 недели беше укината воената состојба во земјата. Најмалку 30 луѓе загинаа во немирите во Бахреин во февруари.