Сомалија-убиен лидерот на Ал Шабааб

Фазул Абдулах Мохамед

Организаторот на терористичките напади врз американските амбасади во Кенија и Танзанија во 1998-та, е убиен во Сомалија. Од полицијата во Кенија велат дека Фазул Абдулах Мохамед бил убиен во Могадишу . Се верува дека Фазул е лидер на крилото на Ал Каеда за Источна Африка и врховен командант на Ал Шабааб, исламистичката група која се обидува да ја контролира Сомалија. Соединетите држави го бараат Фазул за нападите во Најроби и Дер ес Салам. Во нападите загинаа над 200 луѓе.