Во Полска се одржува Парада за рамноправноста

Под мотото „сите сакаат да љубат“, денеска во Варшава се одржува традиционалната Парада на рамноправноста. На јубилејната 10 по ред Парада во престолнината на Полска, се приклучија и политичарите од полската левица. А како ко-организатор за прв пат се појавуваат и организациите на луѓе со различна сексуална ориентација. Луѓето кои денеска парадираат во Варшава бараат, да се донесе закон со кој ќе им се дозволи на луѓе од ист пол да стапат во брак, и во наставата во училиштата да не им се влева страв и предрасуди на децата против хомосексуалците. Полициски кордон ги раздвојува учесниците на парадата, од насобраните млади радикали и ултракатолички националисти .