Продолжуваат борбите во Либија, Гадафи не се предава

Либискиот лидер Маомер Гадафи

Трупите лојални на либискиот лидер Маомер Гадафи денеска напредуваат кон градот Злитан, кој се наоѓа 160 километри источно од Триполи. Таму продолжуваат борбите со бунтовниците кои пак се надеваат дека ќе се приближат на главниот град. Борбите во Либија продолжуваат и покрај дипломатските напори Гадафи да си оди од власта. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера му понуди гаранција на Гадафи ако ја напушти Либија , но досега нема одговор на тоа. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во четвртокот разговараше со помошниици на Гадафи, за транцизијата во земјата, но изјави дека се уште нема начин работите да одат напред.