Запленети 105 килограми марихуана

Околу 105 килограми висококвалитетна марихуана биле запленети ноќеска, а две лица биле уапсени, во близина на Прилеп, соопштува полицијата. Од таму велат дека бил пресечен меѓународен канал за наркотична трговија, кој од Албанија, преку Македонија, водeл во земјите од Западна Европа. Се проценува дека цената на запленетата стока може да достигне до 400 илјади евра на западноевропскиот пазар.