Мандела се прости од својот соборец Албертина Сисилу

Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела

Поранешниот претседател на Јужна Африка Нелсон Мандела и оддаде денеска последен поздрав на неговиот соборец Албертина Сисилу. Таа беше еден од симболите на борбата против апартхејдот. Почина во четвртокот на возраст од 92 години. Беше погребана во присуство на високи политички преставници, борци за човекови права и околу 3000 Јужноафриканци. Мандела кој исто така има 92 години, поради проблеми со здравјето не присуствувал на погребот, туку неговата порака ја прочитала неговата жена. Благодарение на твојата великодушност и посветеност, твојот морален авторитет и искрен хуманизам и после борбата, си заслужила да те наречеме мајка на сите народи, се наведува во пораката од Мандела.